Иран: Нема договор со САД додека целосно не се гарантираат нашите права

Иран: Нема договор со САД додека целосно не се гарантираат нашите права

пред 6 часа

Иран нема да одобри никаков договор со Соединетите Американски Држави сè додека на земјата не ѝ бидат целосно загарантирани нејзините права, порача претседателот на иранскиот парламент и шеф на преговарачкиот тим на Техеран, Мохамад Бакер Галибаф. Најавата доаѓа во момент на зголемени дипломатски тензии и покрај првичните сигнали дека двете земји се приближуваат до усогласување на ставовите.

Во видеообраќањето емитувано на државната телевизија, Галибаф јасно стави до знаење дека Иран нема намера да попушти под притисоците од Вашингтон.

Трамп ги засилува барањата во последен момент

Иако во изминатите денови се чинеше дека двете преговарачки страни се блиску до финализирање на договорот, американскиот претседател Доналд Трамп во последен момент ги заострил условите. Како што објави „Њујорк тајмс“, Трамп испратил нова, ревидирана верзија на текстот до Техеран.

Според информациите на американскиот портал „Аксиос“, Белата куќа сега бара уште поцврст став од Вашингтон за неколку клучни прашања, со посебен акцент на иднината и судбината на иранскиот нуклеарен материјал.

Техеран бара укинување на санкциите и одмрзнување на имотот

За официјален Техеран, преговорите не можат да завршат успешно доколку САД не ги исполнат основните економски и политички барања кои Иран ги смета за свои темелни права.

„Оние кои се борат во дипломатската арена не им веруваат на зборовите ниту на ветувањата на непријателот. Нема да одобриме никаков договор додека не бидеме сигурни се остварени правата на иранскиот народ“, изјави претседателот на парламентот, Галибаф.

Иранските власти инсистираат дека секој евентуален договор мора да вклучува итно и целосно укинување на американските санкции, како и одмрзнување на сиот ирански имот кој со години е блокиран во странство.

Напната сообраќајна блокада во Ормутскиот теснец

Дипломатскиот судир се одвива паралелно со сериозна воена и поморска криза на терен. Од почетокот на воените дејствија, Иран одржува строга контрола врз Ормутскиот теснец – една од најкритичните поморски рути во светот за транспорт на нафта и гас.

Како одговор на цврстата позиција на Техеран и најавите дека нема да ја препуштат контролата врз овој стратешки премин, Соединетите Американски Држави уште од 13 април воведоа целосна поморска блокада на иранските пристаништа и крајбрежје, што дополнително ја усложнува безбедносната состојба на Блискиот Исток.

Текстот Иран: Нема договор со САД додека целосно не се гарантираат нашите права е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top