Иран нуди 60.000 долари за пронаоѓање на исчезнатиот американски пилот

Иран нуди 60.000 долари за пронаоѓање на исчезнатиот американски пилот

пред 4 часа

Иран објави дека нуди награда од 60.000 долари за пронаоѓање на американскиот пилот кој исчезна по падот на борбениот авион F-15, јавува Скај Њуз.

Еден од пилотите е спасен, додека за другиот се уште трага.

„Ова покажува колку е ризично водењето воздушна војна во размерите на кои дејствуваат израелските и американските сили“, изјави дописничката на Скај Њуз, Дијана Магнеи.

Таа додаде дека и Техеран и Вашингтон се обидуваат да стапат во контакт со исчезнатиот пилот.

Локалните власти, според неа, понудиле и парична награда.

„Се нудат 60.000 долари за тој пилот доколку биде предаден жив на полицијата“, објасни Магнеи.

Таа исто така посочи дека американските специјални сили се на терен и брзо го пронашле првиот пилот, додавајќи дека станува збор за „многу ризична операција“.

Текстот Иран нуди 60.000 долари за пронаоѓање на исчезнатиот американски пилот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top