Иран одговори на предлогот на САД, испрати 10 точки

Иран одговори на предлогот на САД, испрати 10 точки

пред 2 часа

Иран му го пренесе на Пакистан својот одговор на американскиот предлог за прекин на огнот, отфрлајќи го прекинот на огнот и нагласувајќи ја потребата од траен крај на војната, објави денес официјалната иранска новинска агенција ИРНА.

Одговорот на Иран се состои од десет точки, вклучувајќи прекин на непријателствата во регионот, протокол за безбедно минување низ Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и реконструкција, додаде агенцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани дека „пеколот“ ќе се спушти врз Техеран ако до крајот на вторник не се постигне договор за отворање на сообраќајот низ теснецот, клучен морски пат за глобалните енергетски резерви.

Трамп, претходно денеска зборуваше пред Белата куќа, заедно со големо велигденско зајче, во донекаде необична атмосфера со оглед на тековната војна.

„Што е со спасувањето!“, рече Трамп, осврнувајќи се на операцијата за спасување на двајца американски пилоти кои беа соборени во Иран за време на викендот.

„Кога ќе се случи нешто такво, во повеќето случаи навистина не можете да одите. Тие обично немаат шанса“, додаде тој.

Трамп ги нарече пилотите „неверојатни“ и „храбри“.

Тој, исто така, истакна дека фактот што првото спасување било чувано во тајност околу еден ден помогнало во успешното извлекување на вториот пилот на Ф-15 и најави прес-конференција за операцијата.

Трамп, исто така, рече дека војната би можела да заврши „многу брзо“ ако иранските власти го сторат „она што мораат да го сторат“.

„Имавме целосна промена на режимот“, додаде тој, истакнувајќи дека луѓето со кои САД сега преговараат се „поразумни“.

 

фото/ Depositphotos

Текстот Иран одговори на предлогот на САД, испрати 10 точки е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top