Иран: Ормускиот теснец отворен за сите комерцијални бродови, под еден услов

Иран: Ормускиот теснец отворен за сите комерцијални бродови, под еден услов

пред 3 часа

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се закани со одмазда за она што го нарече соработка на Обединетите Арапски Емирати со Израел, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврдеше дека тајно ги посетил Емиратите.

Арагчи предупреди дека тоа е „непростлив чин“ и рече дека сите вклучени ќе бидат „одговорни“. Тој додаде дека земјите што соработуваат со Израел во непријателски потези против Иран учествуваат во она што тој го нарече „опасна и неразумна игра“.

Во меѓувреме, Иран дополнително ја консолидираше својата контрола врз Ормускиот теснец со склучување договори со Ирак и Пакистан за транспорт на нафта и течен природен гас од регионот, изјавија извори запознаени со ситуацијата за Ројтерс.

Арагчи рече за време на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС во Њу Делхи дека, од перспектива на Техеран, Ормускиот теснец е отворен за сите комерцијални бродови кои го координираат преминот со иранските поморски сили.

Портпарол на иранската војска рече дека контролата врз клучниот превозен пат би можела да му донесе на Иран двојно повеќе приходи од извозот на нафта. „По завршувањето на оваа војна, нема да има простор за повлекување“, рече портпаролот, објави новинската агенција ИСНА.

Но, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, тврди дека преговорите сè уште напредуваат. „Клучното прашање е дали правиме доволен напредок за да ја исполниме црвената линија на претседателот“, рече тој. А таа црвена линија е многу јасна. Претседателот мора да биде сигурен дека сме воспоставиле доволно заштитни мерки за Иран никогаш да не развие нуклеарно оружје.“

Текстот Иран: Ормускиот теснец отворен за сите комерцијални бродови, под еден услов е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top