Иран: Ослободена активистката за човекови права Мохамади

пред 4 години

Иран ја пушти од затвор Наргес Мохамади, истакната активистка за човекови права која водеше кампања против смртната казна, јавија иранските медиуми.

Полуофицијалната новинска агенција ИСНА го цитираше судскиот службеник Садех Нијараки дека Наргес Мохамади била ослободена откако издржала осум и пол години затвор.

Таа беше осудена на 10 години затвор, објави АП.

Нијараки рече дека Мохамади е ослободена според законот што дозволува намалена затворска казна доколку соодветниот суд се согласи.

Мохамади, која е инженерка и физичарка, ја доби наградата „Андреј Сахаров“ за 2018 година, со која се оддава признание за извонредното лидерство или достигнувања на научниците во поддршката на човековите права.

Share
Scroll to Top