Иран: Секоја нова агресија ќе биде пресретната со огромна воена сила

Иран: Секоја нова агресија ќе биде пресретната со огромна воена сила

пред 3 часа

Командантот на највисоката воена оперативна команда на Иран, генерал-мајор Али Абдолахи, денес изјави дека секој нов чин на агресија од страна на Соединетите Американски Држави или нивните сојузници ќе биде пресретната од огромната воена сила на Иран, која ќе „ја отсече раката на секој агресор“.

Иранскиот генерал рече дека „Исламската Република Иран е посилна и порешителна од кога било да го брани својот суверенитет“, објави иранската државна телевизија „PressTV“.

Генералот Али Абдолахи, командант на штабот на Хатам ал-Анби, врвниот оперативен команден центар на вооружените сили на Иран, рече дека Исламската Република и нејзините искусни, зацврстени вооружени сили сега се поподготвени и помоќни од кога било во историјата и „подготвени да заштитат горда нација“.

„Им се обраќаме на Америка и нејзините сојузници и им кажуваме да не прават уште една стратешка грешка или погрешна пресметка. Тие мора да знаат дека секоја повторена агресија или инвазија ќе биде пресретната со брз, решителен, силен и широк одговор“, рече командантот Абдолахи и потсети дека непријателите на Иран отсекогаш биле научени на тешка лекција.

Тој предупреди дека ако непријателите се осмелат да направат уште една грешка, Иран ќе одговори со многу поголема сила и подготвеност отколку за време на 40-дневната наметната војна.

„Ќе ги браниме правата на иранскиот народ со сета наша моќ и ќе ја отсечеме раката на секој агресор“, заклучи командантот на штабот, Хатам ал-Анби.

Текстот Иран: Секоја нова агресија ќе биде пресретната со огромна воена сила е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top