Исечени тела на пет мажи пронајдени на пат на југот Мексико

пред 2 години

Распарчени тела на пет мажи беа пронајдени во вторникот на пат во јужно Мексико, познат по бруталните судири меѓу нарко бандите, соопштија мексиканските власти.

Телата биле расфралани на патот во близина на градот Игуала во мексиканската држава Гереро. Државното обвинителство соопшти дека сите мажи имале убоди од нож на лицето и вратот, што упатува на пресекување на грлото. Телата биле пронајдени во област која претходно била место на чести судири меѓу нарко бандите.

Мексиканските власти, исто така, објавија дека скелетните остатоци пронајдени во ноември во северната погранична држава Сонора всушност биле останки на 25 луѓе. Волонтерски трагачи пронашле 14 тајни јами во кои имало коски од луѓе и од изгорени и распаднати тела.

Посмртните останки биле толку измешани што на истражителите им требало повеќе од еден месец да го утврдат бројот на телата.

Share
Scroll to Top