Истражување: 83 проценти од Австријците не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19

пред 3 години

Во Австрија само едно од пет лица има намера да се вакцинира против Ковид-19 штом вакцината биде достапна, покажа истражувањето на јавното мислење.

Врз основа на ова истражување, експертите тргнуваат од фактот дека, во овој момент, можат да бидат мобилизирани 30 проценти од граѓаните за да се вакцинираат.

Министерот за здравство Рудолф Аншобер претходно изјави дека е потребна стапка на вакцинација од најмалку 50 проценти за да се вратат во нормала.

Во исто време, 83 проценти од Австријците ја одбиваат обврската за вакцинирање, а само 14 проценти би ја поддржале таквата обврска.

Share
Scroll to Top