Италијанскиот министер за економија Роберто Гвалтиери вели дека апсолутен приоритет на владата е да избегне локдаун на државата.
Тој додава дека тоа ќе го наруши економското закрепнување на земјата забележано во третиот квартал од оваа година.
Обраќајќи им се на банкарите во Рим, тој рече дека закрепнувањето на БДП од 16 проценти во периодот јули и септември е значајно, дури и ако падне во четвртиот квартал, и дека Италија ќе ја исполни прогнозата за пад на БДП од 9% за цела година, пренесува „Ројтерс“.