Италијанскиот парламент и натаму поделен околу изборот на претседател

пред 3 години

Италијанскиот парламент шести ден по ред гласаше за избор на претседател, но партиите останаа длабоко поделени околу можниот кандидат.

Напорите да се најде замена за Серхио Матарела, чиј мандат истекува на 3 февруари, траат веќе една недела и покажаа разлики меѓу претставниците на централно-левиот и централно-десниот блок, пренесува Ројтерс.

Многу пратеници почнаа да ги игнорираат лидерите на нивните партии и сè поголем број од нив гласаа за Матарела, и покрај тоа што тој ја отфрли можноста за втор мандат.

Share
Scroll to Top