Италија: Поради пандемијата трпат пациентите со други заболувања

пред 4 години

Поради пандемијата, повеќе од 35 милиони Италијанци имаа проблеми во лекувањето на други болести и здравствени проблеми кои не се поврзани со коронавирусот, соопшти фондацијата „Здрава Италија“, која спроведе истражување за последиците од пандемијата врз здравствениот систем.

Според весникот „Ил Фато Котидијано“, откажани се 10 милиони прегледи кои ги закажале пациентите или пак тие самите ги откажале прегледите, додека 400.000 луѓе не можеле да се лекуваат во болниците. Во исто време, 600 илјади операции се откажани, а 10 милиони Италијанци не можеле да бидат примени на дневна хоспитализација.

Истражувањата покажаа дека и другите навики на Италијанците се променети поради пандемијата.

Така, повеќе од половина од граѓаните не одат во продавници, 60 проценти избегнуваат градски сообраќај, 7 од 10 лица избираат да не се дружат дома со пријатели или роднини, а 6 од 10 испитаници избегнуваат медицински установи поради страв од зараза.

Конечно, секој четврти Италијанец има дилема во врска со важноста на вакцината против ковид или апсолутно одбива имунизација.

Share
Scroll to Top