Италија: Разнишана доверба во вакцинацијата поради „Астразенека“

пред 3 години

Италијанските власти, научници и експерти се обидуваат да ја поправат недовербата во вакцинацијата против Ковид-19, предизвикана од сомнежите дека вакцината на „Астразенека“ има врска со смртни случаи забележани веднаш по имунизацијата, пишува весникот „Фанпејџ“.

Познатиот експерт за испитување на јавното мислење, Ренато Менхајмен, проценува дека проблемите и збунувачките официјални соопштенија во врска со вакцината на „Астразенека“ ја зголемиле недовербата кај најмалку 30-40 проценти од постарата популација.

Share
Scroll to Top