Италија ќе ги смести украинските бегалци во запленетите мафијашки имоти

пред 3 години

Италија планира да смести стотици илјади луѓе кои бегаат од руската инвазија на Украина на поранешните мафијашки имоти. Само во 2021 година Италија заплени имот во вредност од 1,9 милијарди евра што им припаѓа на членовите на мафијата.

Поради огромниот број украински бегалци, Италија нашла начин да искористи дел од тој конфискуван имот, пишува порталот „Тајм аут“.

Повеќе од 17.000 Украинци пристигнале во Италија од почетокот на конфликтот, а се очекува да пристигнат и повеќе.

„ Ова е само почеток. Стотици илјади бегалци доаѓаат“, изјави италијанскиот политичар и поранешен премиер Енрико Лета. Министерството за внатрешни работи соопшти дека процесот на пренамена на поранешните мафијашки куќи е веќе во тек.

Ова не е единствената земја која најде начин како да ги смести украинските бегалци. Обединетото Кралство објави дека размислува да ги искористи конфискуваните домови на руските олигарси за сместување на Украинци, додека Полска соопшти дека ќе го користи конфискуваниот имот на руските дипломати за да им помогне на бегалците.