Италијанската влада планира да прогласи вонредна состојба како одговор на големата суша што зафати делови од земјата, соопшти кабинетот на премиерот Марио Драги.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Владата ќе се состане за да ги објави мерките што ги засегаат најтешко погодените региони.
Северот на земјата е особено тешко погоден, посебно големите езера, вклучувајќи го и езерото Гарда, кое содржи многу помалку вода од вообичаеното во овој период од годината.
Пад, најдолгата река во Италија, со делта во близина на Венеција, на некои точки долж своето течение е на најниско ниво во последните 70 години, пишуваат тамошните медиуми.
Градовите Пиза и Верона воведоа ограничувања за вода, а Венеција и Милано исклучија некои од нивните фонтани.
Зачестеноста на сувите периоди во медитеранскиот регион во голема мера се припишуваат на климатските промени, јавуваат локалните медиуми.