И американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

И американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

пред 2 часа

Високите претставници на американската и иранската делегација го напуштија Исламабад по 21 час преговори без никаков значаен напредок.

Како што известува новинарката Кимберли Халкет од Исламабад, покрај главните преговарачи, во процесот учествуваа и технички тимови и експерти, кои постепено продолжуваат да се враќаат, претежно со комерцијални летови.

И покрај долгите разговори, не е постигнат никаков пробив. Клучниот проблем останува јасно дефинираната „црвена линија“ на Соединетите Американски Држави, која Иран не е подготвен да ја прифати.

САД, имено, не се согласуваат Иран да поседува нуклеарно оружје или капацитет да го произведува, и немаше простор за договор по ова прашање.

Текстот И американските и иранските претставници го напуштија Исламабад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top