Кадиров: До ручек ќе имаме целосна контрола над „Азовстал“

пред 2 години

Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека руските сили денеска ќе имаат целосна контрола над фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол.

„ Пред ручек или после ручек, Азовстал ќе биде целосно под контрола на силите на Руската Федерација“, рече тој во аудио пораката објавена доцна синоќа.

Чеченските сили се борат во Украина на страната на Русија. Ако падне, Мариупол ќе биде најголемиот град што Русија го окупира од почетокот на инвазијата пред осум недели.

Share
Scroll to Top