Камала Харис јавно ќе се вакцинира против коронавирус

пред 4 години

Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис, јавно ќе ја прими вакцината против Ковид-19. Точното време и местото засега не се познати, објави Си-ен-ен.

Новоизбраниот претседател, Џо Бајден, најверојатно ќе ја прими вакцината на почетокот на следната недела, а и тој тоа ќе го стори јавно.

Она што, исто така, сè уште e нејасно е дали Бајден и Харис може да примат вакцина во исто време и на исто место.

Aдминистрацијата на Бајден е насочена кон градење на јавна доверба околу вакцината против коронавирус.

Share
Scroll to Top