Трамп: Бајден може да не вовлече во трета светска војна

Кампањата на Трамп собра 34,8 милиони долари во мали донации откако тој беше прогласен за виновен

пред 7 месеци

Кампањата на поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат, Доналд Трамп, објави дека собрала 34,8 милиони долари во мали суми, откако поротата на Окружниот суд на Менхетен го прогласи Трамп за виновен.

Кампањата на сега првиот и единствениот осуден претседател на Америка рече дека бројката е речиси двојно поголема од претходниот рекорд на платформата за собирање средства „WinRed“, која во четвртокот се соочи со периодични прекини поради застојот на мрежата. Тие, исто така, додадоа дека речиси 30 отсто од донаторите кои дале пари онлајн се нови на партиската платформа за донации преку Интернет.

„Не само што сумата беше историска, туку 29,7 отсто од донаторите беа целосно нови на платформата. Претседателот Трамп и нашата кампања се исклучително благодарни за овој излив на поддршка од патриотите низ нашата земја. Претседателот Трамп се бори да ја спаси нашата нација, а 5 ноември е денот кога Американците ќе донесат правилна одлука“, изјавија високите советници на кампањата на Трамп, Крис Ла Сивита и Сузи Вајлс.

„Само неколку минути откако беше објавена пресудата за лажниот судски процес, нашиот дигитален систем за собирање средства беше преплавен со поддршка, и покрај привремените доцнења на интернет поради обемот на сообраќајот, претседателот Трамп собра 34,8 милиони долари од мали донатори“, додаваат тие.

Трамп беше прогласен за виновен од поротата на Окружниот суд на Менхетен во четвртокот по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи за да се прикријат исплатите на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.

 

Текстот Кампањата на Трамп собра 34,8 милиони долари во мали донации откако тој беше прогласен за виновен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top