Канада испраќа тешка артилерија во Украина

пред 2 години

Канада денеска објави дека обезбедила тешка артилерија на украинските вооружени сили, откако премиерот Џастин Трудо на почетокот на неделава вети дека ќе испрати таква помош на барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Досега Канада на украинските сили испорача голем број хаубици М777 и соодветна муниција, а при крај се и договорите за набавка на оклопни возила кои во најбрз можен рок ќе бидат испратени во Украина, соопшти Министерството за одбрана.

Соединетите држави, Велика Британија и Канада ветија дека ќе испратат повеќе артилерија во Украина за да му помогнат на Киев да ги одбрани областите на истокот на земјата, каде што Русија започна општа офанзива.

Американскиот претседател Џозеф Бајден им рече на новинарите во вторникот, по разговорите на кои присуствуваа британскиот премиер Борис Џонсон, канадскиот премиер Џастин Тудо и други западни лидери, дека артилеријата ќе биде во следниот контингент што САД ќе го испратат во Украина, пренесува Ројтерс.

Share
Scroll to Top