Каракачанов со нова провокација: И Исус Христос бил Македонец

пред 4 години

Потпретседателот на бугарската влада, Красимир Каракачанов ги обвини македонските власти дека шират омраза кон Бугарите. Тој рекол дека на крајот на расправата за националниот идентитет ќе излезе дека „ и Исус Христос бил Македонец“.

„ Од времето на Југославија го учат населението на омраза…Албанци, Грци и Бугари. Љубов гајат само кон Србија и Србите. За нив сме Татари, фашисти и окупатори“ рекол Каракачанов.

Бугарскиот функционер рекол дека судејќи според расправата која трае со месеци, македонската нација постои уште од времето на апостол Павле, како и дека „Исус Христос бил Македонец“.

Оваа негова изјава следи по серија критики што европските претставници ги упатија на сметка на властите во Софија, кои го блокираа почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, барајќи претходно да се решат отворените прашања за национален идентитет.

Share
Scroll to Top