Ким Џонг-ун доби нова титула, но неговата сестра ја нема на листата на Политбирото

пред 4 години

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е избран за генерален секретар на владејачката Работничка партија на конгресот во Пјонгјанг.

Неговото назначување доаѓа по ревизијата на статутот на партијата, со што се врати секретарскиот систем, кој беше укинат на претходниот конгрес во 2016 година, пренесува јужнокорејската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на севернокорејската официјална агенција КЦНА.

Името на сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го нема на новиот список на членови на Политбирото на владејачката Лабуристичка партија, објавија државните медиуми и покренаа прашања за нејзиниот сегашен статус по долгогодишното силно политичко влијание.

На вчерашните избори за членови на Централниот комитет, на кои се трасирани петгодишните дипломатски, воени и економски цели на Северна Кореја, Ким Jо Џонг се појави како член на Централниот комитет, но не и како член на Политбирото, се вели во извештајот на севернокорејската државна агенција.

Во 2017 година, сестрата на севернокорејскиот лидер стана втората жена што влезе во ексклузивното Политбиро во патријархалната Северна Кореја, по нејзината тетка Ким Кјонг Хуи, а до неодамна беше втора во командниот синџир, веднаш зад нејзиниот брат.

„Прерано е да се извлечат заклучоци за нејзиниот статус, имајќи предвид дека Ким Јо Џонг е сè уште член на Централниот комитет. Постои можност таа да презела и други важни државни функции“, рече Лим Еул-чул, професор по севернокорејски студии на Универзитетот во Сеул.

Share
Scroll to Top