Од почетокот на 2022 година, Кина пријавила повеќе локални симптоматски случаи на Kовид-19 отколку што забележала во текот на целата мината година, бидејќи високо преносливиот сој омикрон предизвикува ширење на епидемијата од Шангај до Шенжен.
Континентална Кина објави за 1.337 нови случаи на Ковид-19 преку локална трансмисија на 13 март, објави денеска кинеската Национална здравствена комисија (НХЦ), а пренесува „Ројтерс“.
Така, вкупниот број на ковид случаи оваа година се зголеми на повеќе од 9.000, во споредба со 8.378 случаи регистрирани во целата 2021 година, според „Ројтерс“.
Официјалните служби во Шенжен привремено го прекинаа јавниот превоз и ги повикаа граѓаните да работат од дома, бидејќи низ градот оваа недела се спроведува масовно тестирање по порастот на нови случаи.
Компаниите „Фокскон“ и „Унимкрон технолоџи“, добавувачи на „Епл“, денеска ги прекинаа своите деловни активности во Шенжен.
Во североисточниот град Чангчун, кој моментално е под блокада, „Тојота“ го прекина производството во своето заедничко претпријатие со кинеската групација FAW.
Кога станува збор за „увезени“ случаи, Кина објави за 1.437 нови потврдени случаи на 13 март, во споредба со 1.938 еден ден претходно.