Кина: Не земаме анални брисови за тестирање на коронавирус на американски дипломати

пред 3 години

Кинеското Министерство за надворешни работи демантираше дека на американските дипломати им биле земани анални брисови на Ковид-19, откако медиумите објавија дека некои американски дипломати се жалат на оваа постапка, пренесува „Ројтерс“.

„Колку што ми е познато, од американскиот дипломатски персонал стациониран во Кина никогаш не беше баран анален брис за тестот на Ковид-19“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Зао Лиџијан на денешната прес-конференција, според агенцијата.

„Ројтерс“ пренесува дека американската медиумска онлајн платформа „Вајс“ го цитирала официјалниот претставник на Стејт департментот во средата дека ваквиот тест бил земен по грешка и дека Кина соопштила дека ќе престане да користи брисови за тестирање американски дипломати.

Share
Scroll to Top