Кина со порака: Проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност

пред 3 години

Кина смета дека проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност, се вели во соопштението објавено на официјалната веб-страница на кинеската мисија во ЕУ.

„Триесет години по крајот на Студената војна, НАТО продолжува да ја проширува својата географска област и опсег на операции, ангажирајќи се во блок-политика и конфронтација. Тоа не придонесува за глобалната безбедност и стабилност“, се вели во соопштението.

Кинеската страна нагласува дека регионалната безбедност не треба да се обезбедува со зајакнување или проширување на воените блокови.

„Го повикуваме НАТО да се откаже од менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди, да ги почитува суверенитетот, безбедноста, интересите, како и различноста на цивилизациите, историјата и културата на другите земји“, се наведува во текстот.

Да потсетиме, претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, на 4 февруари во Пекинг потпишаа Заедничка изјава за меѓународните односи кои се на прагот на нова ера и глобален одржлив развој.

Во документот, меѓу другото, се нагласува дека двете земји се против натамошното проширување на НАТО и се повикува Алијансата да го запре пристапот од времето на Студената војна.

Share
Scroll to Top