Северен Кипар ги повикува кипарските Грци да се согласат на разговори

пред 3 години

Претседателот на кипарските Турци, Ерсин Татар, во саботата го повика претседателот на кипарските Грци, Никос Анастасијадес, да одговори позитивно на повиците за дијалог и да го реши кипарското прашање, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Во изјавата на Татар се вели дека Анастасијадес верува оти решението за две држави е реално, меѓутоа поради големиот притисок од Православната црква, Прогресивната работничка партија, Националниот народен фронт и други елементи, Анастасијадес е принуден да им се врати на старите политики.

Татар истакна дека неговата земја го поддржува решението за две држави засновано на еднаков суверенитет, додавајќи:

„За доброто на нашата држава, за слободата на нашиот народ и за нивните животи во безбедност, повикуваме на решение засновано концептот на две држави “.

Островот Кипар е поделен на влада на кипарските Турци на север и администрација на кипарските Грци на југот од воениот удар во 1974 година за анексија на Кипар кон Грција. Со текот на годините, имаше неколку обиди за решавање на кипарскиот спор, но тие повеќепати не успеваа.

Share
Scroll to Top