Кинеското Министерство за надворешни работи: Ќе го промовираме дијалогот меѓу Русија и Украина

пред 3 години

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин денеска изјави дека кинеските власти ќе го промовираат дијалогот меѓу Русија и Украина со цел да се реши вооружениот конфликт.

„Ќе продолжиме да играме конструктивна улога во намалувањето на тензиите во Украина“, рече Ванг на брифингот, пренесува ТАС С.

Тој додаде дека кинеските власти се надеваат дека Русија и Украина ќе одржат дијалог и ќе преговараат.

Share
Scroll to Top