Коалицијата против ИД ја заврши борбената мисија и го напушта Ирак

пред 3 години

Ирак објави дека коалицијата предводена од Америка која се борела против екстремистичката Исламска држава ја завршила својата борбена мисија и ја напуштила земјата.

„Мисијата на коалицијата сега е ограничена на советување и поддршка на Стратешкиот дијалог“, соопшти ирачката влада.

Нема повеќе странски борбени единици во Ирак, се додава.

Претходно оваа година, Ирак и Соединетите Држави се согласија дека коалициските сили повеќе нема да извршуваат борбени мисии.

И коалицијата против ИД во петокот потврди дека нејзината борбена мисија во Ирак е завршена и отсега ќе дава совети за ирачката армија и Пешмерга, како што се нарекуваат безбедносните сили на автономната ирачка провинција Курдистан.

Алијансата за борба против ИД е основана откако радикалната група освои големи делови од северен Ирак и соседна Сирија со прогласување калифат.

Во меѓувреме, ИД ја изгуби освоената територија, но се уште е активна и извршува напади во двете земји.

Ирак прогласи победа над ИД во декември 2017 година.

Share
Scroll to Top