Кога ќе се одржи втората рунда преговори: Украинската страна не ја потврдила подготвеноста за разговори

пред 2 години

Русија и Украина најверојатно нема да одржат втор круг разговори во Белорусија во среда, изјави извор за Интерфакс.

„Украинската страна не ја потврди својата подготвеност за преговори. Очигледно им треба повеќе време за да стигнат до Белорусија поради логистички проблеми. Малку е веројатно дека преговорите ќе се водат денеска“, кажал изворот.

„Тоа најверојатно ќе се случи на крајот на неделата“, додал тој.

Според извор на Интерфакс, доколку украинската страна даде потврден одговор, преговорите би можеле да продолжат во петок.

Share
Scroll to Top