(Видео) Во експлозија во руски рудник загинаа 52 лица

пред 2 години

Во експлозија во руски рудник загинаа 52 лица, меѓу кои 6 спасувачи, објави РТ.

Несреќата се случила во рудник за јаглен во областа Кемерово, на Сибир, соопшти регионалниот истражен комитет.

Во тек е операција за евакуација во рудникот Листвијажнаја и на површина се извадени 70 рудари, соопшти комитетот.

$bp(“Brid_37870546”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”908117″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Претходно, спасувачите морале да ја прекинат потрагата поради опасност од дополнителни експлозии.

„Според прелиминарните податоци, голем број работници се затруени од чад“, се вели во соопштението на комитетот.

Во меѓувреме, новинската агенција „Интерфакс“, повикувајќи се на службеник во рудникот, јави дека не се знае каде се 75 рудари.

Share
Scroll to Top