Колумбија прогласи вонредна состојба поради случаи на жолта треска

Колумбија прогласи вонредна состојба поради случаи на жолта треска

пред 1 година

Колумбиската влада доцна во средата прогласи вонредна состојба на национално ниво поради зголемување на случаите на жолта треска.

Од почетокот на минатата година епидемијата резултира со 74 потврдени случаи на инфекција и 34 смртни случаи, изјави министерот за здравство, Гиљермо Алфонсо Харамиљо, пренесува „Ројтерс“.

Харамило рече дека најкритичната ситуација е во Толима, во централнозападна Колумбија, каде што се откриени 22 случаја.

Жолтата треска е акутна вирусна хеморагична болест, која се пренесува со каснување од заразен комарец од родовите Aedes и Haemogogus, пренесува „Танјуг“.

Текстот Колумбија прогласи вонредна состојба поради случаи на жолта треска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top