Властите во индискиот главен град Делхи неодамна побараа помош од армијата, додека градот се соочува со бруталниот втор бран на коронавирус, пренесува Би-Би-Си. Болниците во градот се во криза, нема кревети, како и недостаток на медицински кислород.
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејезус, изјави дека ситуацијата во Индија е многу загрижувачка, бидејќи втората година од пандемијата на коронавирусот е посмртоносна од првата.
Владата во Делхи побара армијата да управува со објектите за грижа и борба против коронавирусот. Низ Индија, бројот на лица заразени со Ковид-19 расте.
Експертите велат дека бројот на заразени и починати е веројатно многу поголем, но дека голем број луѓе немаат можност да бидат тестирани или примени во болница, па многу пациенти умираат дома.
Индија веќе и нареди на својата армија да испраќа кислород од резервите во болниците, додека пензионираниот воен медицински персонал е повикан на помош, пренесува Би-Би-Си.
Кампањата за вакцинација донекаде ја подобри корона кризата во Индија. Иако е најголем производител на вакцини во светот, во Индија има голем недостиг на вакцини.
Свестките медиуми анализираат дека ситуацијата на терен останува застрашувачка.
„Луѓето ја плаќаат цената за политичките расправии. Понекогаш цената е нивниот живот, вели еден аналитичар, пренесуваат медиумите.