Косово го осуди нападот: „Ќе соработуваме со сојузниците“

пред 2 години

Косовската претседателка Вјоса Османи порача дека Косово стои со Украина и со нејзините граѓани по руската агресија.

„Ќе соработуваме со нашите сојузници за да ја запреме секоја дестабилизација во нашиот регион. Руската хегемонија нема да успее. Слободата и демократијата ќе надвладеат“, напиша Османи на „Твитер“.

Претходно и Албанија го осуди нападот на Русија врз Украина.

Share
Scroll to Top