Косово и официјално ја отвори зградата на амбасадата во Ерусалим, де факто признавајќи го како главен град на Израел, соопшти денеска косовското Министерство за надворешни работи.
Амбасадата беше отворена со кратка церемонија за време на која беше истакнато косовското знаме пред зградата, а на нејзиниот влез беше поставена поча со натпис на албански, хебрејски и англиски јазик – „Република Косово“, се вели во соопштението.
Во замена за признавање на независноста на Косово од страна на Израел, Косово стана првата земја со мнозинско муслиманско население што го призна Ерусалим за главен град на еврејската држава.
Одлуката на официјална Приштина предизвика критики, не само во земјите претежно муслиманско население, како што е Турција, која ги осуди прекршувањата на резолуциите на ОН и меѓународното право, туку и во рамките на Европската унија.
Прашањето за Ерусалим и неговиот статус останува една од најкомплицираните точки во израелско-палестинскиот конфликт.
Палестинските власти сметаат дека израелските воени сили незаконски го окупирале источниот дел на Ерусалим во 1967 година и бараат Источен Ерусалим да стане главен град на палестинска држава.
Како дел од реципрочната размена, Израел официјално го призна Косово.
Конфликтот околу нерешеното прашање меѓу Србија и Косово трае повеќе од две децении и продолжува да претставува закана за стабилноста во Европа.