Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет

Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет

пред 2 часа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската Унија ќе најде начин да ѝ го исплати на Украина ветениот заем од 90 милијарди евра и покрај противењето на Унгарија.

Во изјава за новинарите по самитот во Брисел, фон дер Лајен рече дека средствата ќе бидат обезбедени „на еден или друг начин“, откако лидерите на ЕУ не успеаја да го убедат унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја отфрли блокадата на финансискиот пакет.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, рече дека за време на состанокот, лидерите на ЕУ го осудија „неприфатливиот“ отпор на Унгарија.

„Договорот е договор, ние мора да го одржиме зборот. И никој не може да го уценува Европскиот совет“, рече Кошта.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц рече дека лидерите побарале од Европската комисија да најде начин за спроведување на заемот и го нарече невиденото вето на Орбан „чин на сериозна нелојалност“.

„Ова ќе остави трага. Ова е сериозно кршење на принципот на лојалност меѓу земјите-членки и му штети на угледот на Европската Унија“, рече Мерц.

На вчерашниот состанок во Брисел, новите заклучоци на Европскиот совет за Украина ги потпишаа 25 земји-членки, додека Унгарија и Словачка не ги потпишаа, кои продолжуваат да ја блокираат финансиската помош за Украина.

Како што објави Гардијан, новиот документ ја потврдува поддршката на Киев, како и поддршката на лидерите на ЕУ за мировни преговори што би ги почитувале границите на Украина и би обезбедиле безбедносни гаранции, но не и дефинитивна одлука за исплата на заеми на Украина во износ од 90 милијарди евра, туку само намерата исплатите да започнат во април.

Унгарија има право да го блокира заемот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија има право да блокира заем од 90 милијарди евра за Украина, опишувајќи го самитот на ЕУ како „борбен и донекаде тежок“.

Премиерот на Унгарија нагласи во Брисел дека другите членки на ЕУ не се задоволни од промената на унгарската одлука од декември поради украинската блокада на нафта, но дека правната ситуација е јасно на страната на Унгарија, објави МТИ.

Орбан изјави дека Унгарија ги оспорила сите морални, политички и правни аргументи против својата одлука и дека ќе ѝ додели пари на Украина само кога ќе добијат гаранции дека слична блокада нема да се повтори.

Тој додаде дека ситуацијата со украинскиот нафтовод „Дружба“ е комплицирана, бидејќи Украинците не дозволиле инспекција и дека Унгарија би сакала да ја потврди ситуацијата заедно со Словачка.

Унгарскиот премиер предупреди на глобалната енергетска криза и рече дека Европа не може да преживее без руски енергетски ресурси, критикувајќи ги европските лидери за лошите политики во ова прашање.

Тој, исто така, истакна дека масовниот миграциски бран од југ бара подготовка, посочувајќи дека некои членки на ЕУ бараат примена на „унгарскиот модел“ во однос на нелегалните мигранти.

Текстот Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top