Кошта: Ситуацијата во Португалија поради Ковид-19 е ужасна

пред 3 години

Португалскиот премиер Антонио Кошта изјави дека земјата во моментов е во многу тешка ситуација поради пандемијата на коронавирус и дека ќе поминат неколку недели пред да се подобрат работите, како и дека очекува само ограничена помош од странство.

Со вкупно потврдени 668.951 случаи на Ковид-19 и 11.305 смртни случаи, вклучително и рекордни 293 починати вчера, Португалија има највисок просек од седум дена на нови дневни случаи и смртни случаи на милион жители во светот, пренесува „Ројтерс“.

„Ситуацијата не е лоша, туку ужасна“, мора да бидеме свесни дека минуваме низ најлошите моменти и дека тие ќе траат уште неколку недели“, рече Кошта во своето обраќање на телевизија, наведува агенцијата.

Коста рече дека ситуацијата делумно се влошила затоа што неговата влада ги олеснила ограничувачките мерки помеѓу Божик и крајот на годината, но и поради вирулентноста на новиот вид и дека Германија најавила испраќање на воени медицински експерти во Португалија.

„Ројтерс“ наведува дека повеќе од 20 амбулантни возила со пациенти со Ковид-19 биле во колона пред најголемата португалска болница додека чекале да бидат испразнети болничките кревети, а лекарите и во другите болници предупредуваат на ризик од недостиг на медицински кислород.

Share
Scroll to Top