Кошта со апел до иранскиот претседател: Обезбедете слободна пловидба низ Ормускиот теснец

Кошта со апел до иранскиот претседател: Обезбедете слободна пловидба низ Ормускиот теснец

пред 2 часа

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека имал телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и апелирал до него да се ангажира дипломатски и да обезбеди слободна пловидба низ Ормускиот теснец.

Кошта потврди дека му рекол на Пезешкијан дека Иран мора да ги запре „неприфатливите напади врз земјите во регионот на Персискиот Залив“, објавува Ројтерс.

„Повикав на деескалација и воздржаност, заштита на цивилите и цивилната инфраструктура и потреба сите страни целосно да го почитуваат меѓународното право. Губењето на невини животи, вклучително и оние во училиштето во Минаб (јужен Иран), е длабоко вознемирувачко“, објави Кошта на својот Икс профил, објавува Танјуг.

Текстот Кошта со апел до иранскиот претседател: Обезбедете слободна пловидба низ Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top