„Кој ќе го потцени Трамп ќе направи голема грешка“: Вучиќ oчекува посилни напади врз Иран и зголемување на цените на нафтата

„Кој ќе го потцени Трамп ќе направи голема грешка“: Вучиќ oчекува посилни напади врз Иран и зголемување на цените на нафтата

пред 3 часа

Лидерот на опозицијата во Србија, Александар Вучиќ, оцени дека победата на демократите на среднорочните избори во Соединетите Американски Држави дополнително ќе ја комплицира политичката ситуација во таа земја, како и меѓународните односи, особено поради очекуваното продолжување на конфликтот на Блискиот Исток.

Вучиќ рече дека очекува Израел да продолжи да ја шири својата зона на влијание и безбедносна зона на територијата на Сирија и Либан, како и Соединетите Американски Држави, заедно со својот сојузник, да ги интензивираат нападите врз Иран.

Според неговото мислење, таков развој на настаните би можел да доведе до поголем број жртви и посериозни политички последици, но и до зголемување на цената на нафтата и нафтените деривати.

Зборувајќи за резултатите од изборите во САД, Вучиќ рече дека верува оти Доналд Трамп пркосно ќе го прифати поразот и ќе ја продолжи политичката борба.

– Верувам дека Трамп пркосно ќе го прифати овој пораз, ќе продолжи да се бори и дека ова ќе биде најдолгата претседателска кампања во историјата – рече Вучиќ.

Тој додаде дека секој што ќе го потцени Трамп во следните две години и ќе мисли дека е политички поразен и изгубен, ќе направи голема грешка.

Текстот „Кој ќе го потцени Трамп ќе направи голема грешка“: Вучиќ oчекува посилни напади врз Иран и зголемување на цените на нафтата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top