Кралот на Малезија одлучи: Вонреднa состојба до август

пред 3 години

Малезискиот крал ја одобри вонредната состојба во земјата поради коронавирусот, со која се прекинувува работата на парламентот до август и се запираат сите обиди за распишување избори. Премиерот Мухидин Јасин во телевизиско обраќање ги увери граѓаните дека вонредната состојба „не е воен удар и дека полицискиот час нема да биде утврден“.

Одлуката за воведување на вонредна состојба беше објавена еден ден откако кралот објави дека најголемиот малезиски град Куала Лумпур, административниот центар на Путраџаја и петте земји кои имаат најголем ризик од ширење на вирусот од утре ќе бидат во двонеделна блокада. Вонредната состојба се случува во време кога најголемата опозициска партија се обидува да добие поддршка од кралот за предвремени избори. Кралот рече дека ќе ги распише изборите кога пандемијата ќе ослабне и кога гласањето ќе биде безбедно.

Share
Scroll to Top