Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, денеска изјави дека британскиот премиер е најактивниот антируски лидер, додавајќи дека пристапот на Лондон кон војната во Украина ќе заврши во ќорсокак.
„Што се однесува до г-дин Џонсон, ние го гледаме како најактивниот учесник во антируската трка. Но, сè што прави ќе заврши во ќорсокак на надворешната политика“, рече Песков, цитиран од руската новинска агенција РИА Новости.
Британија денеска објави нови санкции за уште 65 компании и поединци, вклучувајќи ги и платениците од Вагнер групата, шефот на Сбербанк и поќерката на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Британскиот премиер Борис Џонсон ја обвини Русија дека ја преминала границата на варварството за време на војната во Украина и го повика Западот да ги заостри санкциите со цел да се стави крај на конфликтoт.
„Владимир Путин веќе ја премина границата и се сврте кон варварство“, им рече Џонсон на новинарите при пристигнувањето во Брисел на вонредните самити на НАТО, ЕУ и Г7. Тој ја истакна важноста од воведување на дополнителни санкции.
„Многу е важно да се обединиме за да го прекинеме сето ова што е можно поскоро. Колку построги се нашите санкции, толку повеќе и помагаме на Украина и толку побрзо ќе заврши овој конфликт“, порача Џонсон.