Кремљ го предупреди Западот: Размислувајте со своја глава, ова е монструозно

пред 2 години

Кремљ соопшти дека вчерашните изјави на американскиот претседател Џо Бајден во кој се повикува Владимир Путин да му се суди за воени злосторства се „неприфатливи и недостојни за еден американски лидер“.

Бајден вчера реагираше на болните слики од Буча кои го обиколија светот.

„Можеби се сеќавате дека бев критикуван затоа што го нареков Путин воен злосторник“, им рече Бајден на новинарите. „Па, вистина е, тоа го видовме во Буча, тој е воен злосторник“, додаде Бајден.

Обраќајќи им се на новинарите денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека обвинувањата дека руските сили извршиле воени злосторства со егзекуција на цивили во Буча се монструозен фалсификат со цел да се оцрни руската армија.

„Тоа е само добро режирано, но трагично шоу“, рече Песков, додавајќи: Уште еднаш ја повикуваме меѓународната заедница – оттргнете се од таквите емотивни перцепции и размислете сами. Споредете ги фактите и разберете со каков монструозен фалсификат имаме работа.

„Русија не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски“, рече Песков. Тој одби да коментира за напредокот на мировните преговори меѓу Русија и Украина, за кои се вели дека денеска се одржуваат преку видео врска.

Share
Scroll to Top