Европските претставници нема да учествуваат во трилатералните технички преговори меѓу Украина, САД и Русија, кои се планирани за следниот месец, изјави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков. Според него, постигнат е договор разговорите да се одржат без учество на Европа, пишува „Правда“.
„Можат да дојдат ако си купат билети, но никој нема намера да ги покани на преговарачката маса“, рече Ушаков.
Ушаков не ја потврди изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека техничките преговори би можеле да се одржат на 10 ноември. Рускиот функционер додаде дека датумот на средбата наскоро ќе биде објавен.
Ушаков претходно најави дека Русија е подготвена да продолжи со трилатералните преговори со САД и Украина за ставање крај на војната по 4 ноември. Зеленски, пак, изјави дека по разговорите меѓу европските лидери и рускиот претседател, постојат индиции оти Москва сериозно размислува за средба на преговарачките тимови во Абу Даби.
Тој исто така додаде дека одржувањето на трилатералната средба на украинските, американските и руските технички тимови, планирана за почетокот на ноември, зависи од САД. „Телеграф“ објави дека Русија би можела да се обиде да ја искористи новата рунда мировни преговори за да издејствува отстапки од НАТО.
Текстот Кремљ: Европејците не се поканети на преговорите меѓу Украина, САД и Русија е превземен од МАКФАКС.






