Кремљ: Засега не е планиран нов телефонски разговор меѓу Путин и Трамп

Кремљ: Засега не е планиран нов телефонски разговор меѓу Путин и Трамп

пред 3 часа

Нов телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп засега не е планиран, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по договорот за хуманитарна операција во Олешки, во украинската Херсонска област.

„Не, засега нема таков план“, одговори Песков на прашањето дали се подготвува нов разговор меѓу двајцата претседатели.

Во меѓувреме, руската омбудсманка за човекови права, Јана Лантратова, по разговор со украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец соопшти дека Украина, истовремено со Русија, ќе воспостави режим на прекин на огнот во Олешки, со цел да се овозможи хуманитарна операција.

Првиот заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, генералот Валери Герасимов, претходно најави дека на херсонскиот правец од 27 октомври, во 4 часот наутро по московско време, ќе биде воведен таканаречен „режим на тишина“.

Според Песков, евакуацијата на жителите на Олешки би можела да трае најмалку неколку дена. Рутата по која ќе се одвива евакуацијата сè уште не е објавена, а руската и украинската војска ги усогласуваат термините за прекин на огнот за време на операцијата.

Портпаролот на Кремљ претходно изјави дека сите жители кои сакаат да го напуштат Олешки ќе можат да го сторат тоа за време на примирјето. Според наводите на Кремљ, договорот бил постигнат со посредување на првата дама на САД, Меланија Трамп, на која ѝ била доверена координациска улога.

Текстот Кремљ: Засега не е планиран нов телефонски разговор меѓу Путин и Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top