Кремљ: Конфликтот ќе заврши кога Западот ќе не сфати сериозно

пред 3 години

Официјален Кремљ денеска објави дека конфликтот во Украина ќе заврши веднаш штом Западот дејствува по повод постојано изразената загриженост од Русија поради убиствата на цивили во источна Украина и проширувањето на НАТО на исток.

На новинарско прашање како може да заврши кризата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го кажа ставот на Русија и рече дека верува оти Украина разговара за барањата на Москва со САД и другите сојузници, пренесува Ројтерс.

„Русија формулираше конкретни барања до Украина во врска со решавањето на овие прашања. „Колку што разбравме, Украинците разговараат за овие барања со нивните советници, пред се со САД и земјите од Европската унија“, рече Песков.

Share
Scroll to Top