Кремљ: Многу би помогнало ако Киев се откаже од влез во НАТО

пред 2 години

Официјален Кремљ денеска соопшти дека изјавите на украинскиот пратеник во Лондон не ги гледа како сигнал за официјална промена на позицијата на Украина за нејзината амбиција да се приклучи на НАТО, но дека доколку Киев се откаже од таа намера, значително ќе помогне во решавањето на руските безбедносни грижи.

Британскиот Би-Би-Си првично објави, цитирајќи го украинскиот амбасадор во Лондон, Вадим Пристајко, дека Украина би можела да се повлече од членството во НАТО за да избегне војна со Русија, но тој функционер подоцна ги негираше таквите тврдења, наведувајќи дека станува збор за недоразбирање и дека Украина нема да ја преиспита својата напорите за приклучување кон воената алијанса, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на украинскиот претседател Серхи Никифоров исто така изјави дека аспирациите на Украина за влез во НАТО и Европската унија се предвидени со нејзиниот Устав и дека тие остануваат апсолутен приоритет за таа земја.

Share
Scroll to Top