Извештаите дека Русија наводно може да го одбие гасот за Европа кога ги спомнува санкциите против Москва се пример за „лажна хистерија“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Ова е уште еден одличен пример за лажна хистерија што се конструираше преку разни измислици и провокативни, лажни приказни, рече Песков.
Песков рече дека Русија „дури и во најтешките моменти од односите со Западот“ е стабилен гарант на европската енергетска безбедност.