Русија ги разгледува постапките на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, а врз основа на анализата на ситуацијата, рускиот претседател Владимир Путин ќе донесе одлука за понатамошно градење на билатералните односи, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Во моментов се прави анализа, се врши ревизија на дејствата што Американците ги преземаат во новата администрација. Ќе биде потребно време за да се заврши оваа анализа. Тогаш ќе бидат донесени одлуки за тоа како да ја градиме нашата политика. Според уставот, надворешната политика ја одредува шефот на државата. Токму тој ќе го стори тоа“, објасни Песков.
Според Песков, рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, сè уште не доставил извештај до претседателот за состојбата во односите со Вашингтон. Песков додаде дека Министерството за надворешни работи и специјалните оддели даваат редовни извештаи.