Кремљ со одговор: Понудата на Киев е компромис

пред 2 години

Според Кремљ идејата на Киев за демилитаризацијата на Украина според австриската или шведската верзија, со зачувување на сопствената армија, без присуство на странски воени бази, е компромис.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, таквата понуда може да се смета за компромис.

Песков ги нарече дејствијата на Западот против руските бизнисмени бандитизам.

Рускиот претседател Владимир Путин работи по нередовен распоред, но неговата емотивна состојба е нормална, ги увери новинарите Дмитриј Песков.

„ Работниот ден на претседателот во целосна смисла на зборот е нередовен работен ден. Во секој случај, тој работи од утро до доцна навечер. Неговата емоционална состојба е нормална“, рече Песков на прашањето колку е стресна работата на Путин.

Share
Scroll to Top