Кси Џинпинг му ја честиташе победата на Бајден

пред 3 години

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му ја честиташе победата на новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден на неодамнешните избори.

Во својата честитка Кси изрази надеж дека двете земји ќе можат да го промовираат здравиот и стабилен развој на билатералните односи, пренесе агенцијата „Ксинхуа“.

Исто така денес, кинескиот потпретседател Ванг Кишан ѝ честиташе на Камала Харис, избраната потпретседателка на САД, наведува „Ројтерс“.

 

Share
Scroll to Top