„Кукавичкиот потег нема да остане без одговор!“: Иран најави одмазда за убиството на генерал на Револуционерната гарда

„Кукавичкиот потег нема да остане без одговор!“: Иран најави одмазда за убиството на генерал на Револуционерната гарда

пред 2 години

Врховниот совет за национална безбедност на Иран одлучи дека ќе одговори на нападот на Израел врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој загинаа еден генерал и уште шест воени лица.

Со советот претседаваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави државната телевизија.

„Израел мора да знае дека никогаш нема да ги постигне своите цели и дека ова кукавичко злосторство нема да остане без одговор“, предупреди Раиси.

Не е објаснето дали одговорот ќе биде извршен директно од Иран или тоа ќе бидат милитантните групи што ги поддржува, како Хезболах и Хутите, пишува Асошиејтед прес.

Текстот „Кукавичкиот потег нема да остане без одговор!“: Иран најави одмазда за убиството на генерал на Револуционерната гарда е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top