Кулеба по нападот на Харков: Целосно изолирајте ја Русија, Путин прави воени злосторства од гнев

пред 2 години

Украинскиот министер за надворешни работи повика на дополнителни меѓународни санкции против Русија по, како што рече, варварскиот напад врз Харков.

-Варварски руски ракетни напади врз централниот Плоштад на слободата и станбениот кварт Харков. Путин не може да ја скрши Украина. Тој од бес прави повеќе воени злосторства, убива невини цивили – напиша Кулеба на социјалните мрежи.

„Светот може и мора да направи повеќе. Зголемете го притисокот, Целосно изолирајте ја Русија!“, напиша тој.

Share
Scroll to Top